Економија, финансии, бизнис

Контакт

Приведен е главниот воен советник на Ердоган

Приведен е главниот воен советник на Ердоган

Главниот воен советник на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган – Али Јазичи, е уапсен денеска поради бидот за државен удар во Турција.

Уапсен е и главниот воен советник на единаесеттиот турски претседател Абдула Ѓул – Исмаил Гунешер.

Претходно турската армија објави дека учесниците во обидот за преврат во Турција се неутрализирани.

Турскиот народ ја имаше најголема улога во спречувањето на превратот, се вели во соопштението на турските вооружени сили, цитирано од Ројтерс.

Армијата најави строги казни за учесниците во бунтот.

Од турското Министерство за надворешни работи, пак, соопштија дека бројот на загинатите при обидот за државен удар во Турција се зголемил и изнесува над 290 лица, а повеќе од 1.400 луѓе биле повредени.

Над 100 од убиените биле вклучени во обидот за преврат, посочи министерството, додавајќи дека нема сомнеж дека пучот е организиран од следбеници на муслимански проповедник Фетхулах Гулен кој живее во САД.

Слично

Поврзани вести