Приватните универзитети од Македонија побараа платежна картичка и за нивните студенти
Приватните универзитети преку Конференцијата на приватни високообразовни установи побара уредбата со законска сила на Владата за издавање домашна платежна картичка, да важи и за нивните студенти. Од таму сметаат дека тоа право им е загарантирано со член 9 од Уставот на РСМ и Законот за високо образование.
Од таму сметаат дека финансиска поддршка за младите лица до 29 години, ги става во нерамноправна положба студентите од приватните универзитети. Мерката засега важи само за редовните студенти на државните универзитети во земјава., а од вчера проверките започнаа на www.kupuvamdomasno.gov.mk.
-Тоа значи дека оваа поддршка не може да ја добијат студентите на приватните високообразовни установи, со што тие се ставаат во нерамноправна положба. Со тоа, се крши уставното право на студентите да ги имаат истите можности за добивање финансиска помош од државниот буџет во услови на вирусна пандемија и загрозена егзистенција на нивните семејства поради економските последици од здравствената криза, едвакво како и студентите од јавните универзитети, се вели во реакцијата на асоцијацијата.
На состанокот на приватните универзитети било заклучено дека Уставот не прави разлика во статусот на студент запишан на државен или на приватен универзитет и дека студентите од приватните универзитети се дискриминирани и им е повредено правото на еднаквост.
-Оттука, Конференцијата на приватни високообразовни установи, бара во најкус можен рок да се исправи оваа неправда и да им се додели финансиска помош на сите студенти, вклучително и оние од приватните универзитети, бараат од таму.
