Приватниот сектор отворил 158 000 нови работни места во САД
Приватниот сектор во САД создал 158 000 нови работни места во октомври, според првиот извештај на агенцијата „ADP“, откако компанијата ја промени методологијата за пресметување на нивниот број.
Само еден откако драстично ги намали првичните податоци за бројот на нови работни места во септември, „ADP“ и „Macroeconomic Advisors“, кои во моментов работат со Мудис, објавија дека секторот на услугите повторно има сериозен напредок. Токму во овој сектор се создадени 144 000 нови работни места, додека бројката на нови работни места во секторот на производство на стоки е 14 000. Една од промените во последните трендови е дека големите компании создаваат најмногу работни места.
Промената во начинот на кој „ADP“ ги прави месечните проценки, ја разбранува јавноста откако компанијата соопшти дека првично најавените 162 000 нови работни места за септември се намалени до 88 200 според новата методологија. Прелиминарните очекувања на економистите беа дека во октомври се отворени 125 000 нови работни места во приватниот сектор.
Слично
