Економија, финансии, бизнис

Контакт

Приватни компании ќе ги купуваат Слободните економски зони?

Приватни компании ќе ги купуваат Слободните економски зони?
Во овие слободни територии, што се физички одделени важат други закони и правила, а главната предност е во даночните и царински ослободувања. Инвеститорите  10 години не плаќаат данок на добивка и персонален данок на доход, ослободени се од  плаќање на ДДВ, исто така немаат трошоци за царина за стоки, суровини и опрема. На товар на држвата е изградбата на инфраструктурата, не се плаќа за приклучок за гасоводна, водоводна и канализациона мрежа. Дополнително во зависност од бројката на вработени и вредноста на инвестицијата, владата учествува и во трошоците за градба во висина од најмалку 100.000 евра до максимум 500 000 евра. Сега има дополнителни предности. Инвеститорите во технолошко-индустриските развојни зони ќе имаат можност да го купат земјиштето и фабриките во зоните, ова се само дел од измените во Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони. Со новото законско решение е предвидено на јавното наддавање за продажба на земјиштето да учествуваат домашни странски физчки и правни лица, односно инвеститори кои веќе работат во зоните и бизнисмени кои планират првпат да инвестираат. -Додадени се нови одредби со кои се уредува начинот на продажба на објектите во опфатот на зоната како и за нивно давање под закуп, предвидена е можност како купувач или закупец на објектите во опфатот на зоната да може да се јави секое физичко или правно лице, домашно или странско правно лице кое може да добие статус на корисник на зона.Освен објектите во опфат на зоната, и земјиштето во зоната може да биде предмет на оттуѓување, на начин и во постапка согласно со овој закон.Одлука за започнување на постапката за оттуѓување донесува Владата на Република Македонија на иницијатива на Министерство за економија или Дирекцијата технолошки индустриски развојни зони и истата ја спроведува Комисија за спроведување на постапки за јавно наддавање формирана од Владата на Република Македонија со членови од Министерството за економија, Министерството за транспорт и врски и Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, се наведува во Предлог-измените на Законот. Измените во законот  овозможуваат продажба на целата зона. -Во случај на продажба на целиот опфат на зоната Одлуката од ставот 1 на овој член ја содржи и обврската на најповолниот понудувач да ја изгради целокупната внатршна инфраструктура во рамките на зоната (сообраќајници, хидротехничка инфраструктура, гасоводна инфраструктура, електрична инфраструктура, и друга потребна инфраструктура), стои во Предлог законот. Почетната цена за оттуѓувањето на земјиштето е едно евро за метар квадратен. -За најповолен понудувач по метар квадратен се смета учесникот на јавното наддавање кој понудил последна цена по метар квадратен, која претставува највисока цена за отуѓување на градежното земјиште. Висината на минималниот чекор на зголемување на вредноста по метар квадратен на градежното земјиште изнесува 10 % од минималната почетна цена по метар квадратен за отуѓување на градежното земјиште, стои во Предлог законот Од Владата велат дека со предложените измени ќе се подобрат условите за инвеститори,и  ќе се привлечат и задржат инвеститорите во зоните. -Има инвеститори кои сакаат да управуваат со зоните, да земат една или друга зона или да формираат зона на локација која не постои. Честопати за да обезбедат и финансирање, потребно е да им покажат на своите инвеститори и банки дека поседуваат сопственост врз земјата. Од тие причини го правиме тоа, a критериумите дополнително ќе се прецизираат, изјави вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски. Нема промени во делот на периодот за закуп, односно објектите во опфатот на зоната кои се во сопственост на државата, Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони и понатаму ќе ги дава под закуп до 99 години врз основа на претходно донесена одлука на Владата на Република Македонија, со која се определува периодот на закуп и висината на закупнината. Според новото законско решение Владата по предлог на ТИРЗ може да ја трансформира во друга зона, доколку во зоната нема корисници и за зоната не е склучен договор за јавно приватно партнерство, а претходно има донесена соодветна планска документација. Измени и во делот на индустриски-зелени зони Неколку измени се предвидени во Законот за индустриски-зелени зони. Така технолошко индустриската развпојна зона може да се трансформира во индустриска зона. -Целта на предложеното изменување и  дополнување на Законот за индустриски-зелени зони   е овозможување  на со закон регулирана  постапка  за трансформација  на технолошко индустриска развојна зона во индустриска зона.Владата на Република Македонија може на предлог на Дирекцијата со одлука да ја трансформира технолошко индустриска развојна зона во индустриска зона, доколку за зоната не е склучен договор за јавно приватно партнерство. Подрачјето и опфатот на зоната и одобрената Урбанистичка планска документација за Технолошко индустриската развојна зона која се трансформира, продолжуваат да важат за индустриската зона што се основа. Со членот 6 од предлог законот се додава нова одредба во членот 12 кој се однесува на тоа кој се јавува како оператор на зоните, при што се утврдува дека со зоната трансформирана од технолошко индустриска развојна зона во индустриска зона, како оператор управува Дирекцијата за ТИРЗ , се наведува во Предлог законот. Со новото законско решение е предвидено како сопственик да се јави секое физичко лице регистрирано како трговец поединец. Инвеститорот може да купи дел или целаслободна зона. Во измените се предвидува сопственикот на цела зона е ослободен од плаќање на надоместок за уредување на градежното земјиште, согласно со одредбите на Законот за градежното земјиште. По исклучок од одредбите на Законот за градење, сопственикот на дел од зона е должен да прибави одобрение за градење на предвидениот објект од надлежниот орган во рок од 12 месеци од извршената солемнизација на договорот и е должен земјиштето да го изгради согласно со условите. Сопственикот е должен земјиштето да го изгради согласно условите во објавата во рок од шест години од правосилноста на одобренијата за градење. -Сопственик на цела зона е секое физичко лице кое е регистрирано како трговец поединец согласно со Законот за трговските друштва или правно лице регистрирано како трговско друштво согласно Законот за трговските друштва, кое е сопственик на целото земјиште во зоната, кое врши дејност во зоната и кое склучило договор за вршење дејност со основачот на зоната и му е издадено решение за започнување со работа.Сопственикот на цела зона е должен да прибави одобрение за градење на предвидените објекти од надлежниот орган во рок од 20 месеци од извршената солемнизација на договорот и е должен земјиштето да го изгради согласно со условите во објавата во рок од шест години од правосилноста на одобренијата за градење, се наведува во Предлог измените. Предлог измените на двата закона добија зелено светло од матичната собраниска Комисија за економски прашања. Амандманот на ДПА, кои бараа законот да не оди по скратена постапка, туку  за него да се отвори поширока, експертска дебата, беше одбиен. Досега од министерството за економија 30 фирми побарале да ја искористат да си го откупат земјиштето, наместо за него да  плаќаат закуп. Кои се предностите на слободните зони? Во овие слободни територии, што се физички одделени важат други закони и правила, а главната предност е во даночните и царински ослободувања. Инвеститорите  10 години не плаќаат данок на добивка и персонален данок на доход, ослободени се од  плаќање на ДДВ, исто така немаат трошоци за царина за стоки, суровини и опрема. На товар на држвата е изградбата на инфраструктурата, не се плаќа за приклучок за гасоводна, водоводна и канализациона мрежа. Дополнително во зависност од бројката на вработени и вредноста на инвестицијата, владата учествува и во трошоците за градба во висина од најмалку 100.000 евра до максимум 500 000 евра. Земјиштето за изградба на фабриките го добиваат под концесија во период од 99 години. Од економските зони, досега се формирани и функционираат зоните во Скопје и Штип, најавена изградба на зона во тетовскиот и струшкиот регион, но и во други региони. Вкупната вредност на странските инвестиции заклучно со јули годинава изнесува 152 милиони евра. Извозот од слободните економски зони во првите шест месеци од годинава изнесува над 550 милиони евра. За годинава се очекува да достигне до 760 милиони евра. Освен економските зони, планирани се туристички зони, здравствени зони, а со Устав ќе биде регулирано формирањето на меѓународни финансиски зони. Според Владата ваквиот концепт на слободни зони е важен за економскиот развој и за привлекувањето на странските инвеститор. Ј.С.
Слично

Поврзани вести