Притвор за уапсените припадници на ИСИС
Полицијата утрвово реализираше акција во која се уапсени четири лица поранешни припадници на ИСИС, а по три лица се трага.
Тројца од уапсените се од Скопје, а едно лице е од Тетово. На осомничените им е одредена мерка притвор.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција соопштува дека е донесена наредба за спроведување на истрага за седум лица – припадници на ИСИС. На осомничените им се става на товар кривичното дело терористичка организација.
За две од трите лица кои полицијата не ги пронашла, постојат оперативни сознанија дека моментно се наоѓаат во Сирија.
При претресите пронајдени и одземени се компјутери, мобилни телефонски уреди, усб мемории, ЦД дискови, патни исправи.
Повеќе детали попладне ќе соопшти Министерството за внатрешни работи.
