Економија, финансии, бизнис

Контакт

Притвор за тројца во акцијата „Којот“

Притвор за тројца во акцијата „Којот“

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје,  во предметот „Којот“ донесе наредба со која се спроведува истражна постапка против 16 лица.

Во рамките на истрагата ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција побара од надлежниот судија да се определи мерка притвор против 9 лица. Постапката е завршена против 3 лица и им е определна мерка притвор во траење од по 30 дена, а за останатите постапката е во тек.

Осомничените подолг временски период како група на организиран начин вршеле прифаќање и превоз на мигранти низ Македонија од Грција кон Србија.

При тоа врз мигрантите има извршено и разбојништва на начин што припадници на групата ги пресретнувале мигрантите и лажно им се претставувале како припадници на македонската полиција. Потоа со употреба на сила им ги одземала паричните средства, мобилните телефони и други предмети.

Слично

Поврзани вести