Економија, финансии, бизнис

Контакт

Притвор за тројца од уапсените во акцијата „Арсенал“

Притвор за тројца од уапсените во акцијата „Арсенал“
Од осум приведени во акцијата „Арсенал“, тројца добија мерка притвор во траење од 30 дена. За останатите се одредени мерки за претпазливост, соопшти судот. Полицијата ги уапси поранешните службеници во Министерството за одбрана и биз нисмените под сомнение дека извршиле повеќе кривични дела при организацијата на сервисот на армиските хеликоптери во Украина, со кои го оштетиле буџетот за 2,76 милиони долари. Незаконски стекнатите пари, МВР се сомнева дека осомничените лица ги испрале преку фирми во Велика Британија, Кипар и Бугарија. Притвор заработија уапсените Б.Б., В.Ѓ. и В.Б.Ѓ. На Н.М., Ж.П., Д.Н., Ј.Ѓ. и В.Ѓ судот им наложи повремено да се јавуваат на определено службено лице или кај надлежен државен орган и ним им се одземени пасошите.
Слично

Поврзани вести