Притвор за Талевски и Грујовски бара СЈО
На списокот осомничени СЈО ги стави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски и градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски за случајот со рушењето на комплексот „Космос“.
Катица Јанева бара од Кривичниот суд мерки за претпазливост за нив, по што екс премиерот најверојатно за прв пат ќе се појави на распит во судот. Во врска со предметот во јавноста познат како „ТНТ“ донесена е наредба за спроведување на истражна постапка против 3 лица поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела од чл. 353 од Кривичниот законик, а поднесени се и предлози за определување мерка за претпазливост против истите 3 лица. СЈО бара притвор за битолскиот градоначалник Владимир Талевски, откако Иванов ја повлече аболицијата која им овозможуваше заштита од кривично гонење. Талевски е првоосомничен во случајот „Транспортер“ во кој општина Битола правела криминал со превозот на ученици, кој бил наплаќан двојно повеќе од предвиденото. Специјалните обвинители повторно бараат притвор за началникот на 5та управа , Горан Грујевски. Тој е првоосомничен во акцијата „Тврдина„ и според СЈО по нарачка средил уништување на опремата со која било извршено нелегалното прислушување. Пред аболицијата, Грујевски помина 6 дена во притворското одделение во Шутка, а потоа беше префрлен во домашен притвор.
Катица Јанева бара да го презеде и случајот Пуч, меѓу осомничените е и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, екс разузнавачот, Зоран Верушевски.
Слично
