Економија, финансии, бизнис

Контакт

Притвор за Талески: Тест за судството!

Притвор за Талески: Тест за судството!
Притворот за градоначалникот на Битола дојде како изненадување. Судството реагираше со одложено дејство, и додели домашен притвор откако прво само му го одзеде пасошот на Талески. Тој не смее да го напушти домот во кој живее, а неговото  присуство ќе го проверуваат полицајци од битолската полиција. Талевски беше првоосомничен во случајот „Транспортер“. Специјалното јавно обвинителство претходно достави барања и барања за конфискација на 3 стана, 8  автомобили и 33 автобуси. Осомничени за криминал со превозот на ученици се градоначалникот  Талески, претседателот на Комисијата за јавни набавки во Битола, директори на основни и средни училишта, како и превозници кои ја потпишувале и наплаќале  двојно повисока цена за превозот. Според обвинението станува збор за проневера на 360.000 евра, за двојно и повеќе пати наплатувани фактури за школски превоз.
Слично

Поврзани вести