Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРИТВОР: Велешкиот оџа криумчарел мигранти

ПРИТВОР: Велешкиот оџа криумчарел мигранти
Оџата на „Црната џамија“ во Велес заработи кривична пријава и притвор затоа што полицијата го сомничи дека криумчарел илегални мигранти. Полицијата во неговото возило „Мерцедес“ открила четворица сириски државјани. Оџата Несим Демири ги превезувал преку Македонија до Србија. Полициските службеници го запреле возилото на автопатот Гевгелија-Скопје во близина на Демир Капија и заедно со илегалците го однеле во полициската станица Неготино. Ова е вторпат муслиманските верници во Велес да останат без оџата Демири. Тој пред две години избега во Германија а верници од џамијата велеа дека со себе однел и пари собрани во верскиот објект. По враќањето од Германија Демири повторно беше за оџа во единствената џамија во Велес.  
Слично

Поврзани вести