Економија, финансии, бизнис

Контакт

Притвор од 30 дена за 16 лица во „Шпион“, за еден домашен притвор

Притвор од 30 дена за 16 лица во „Шпион“, за еден домашен притвор
Шеснаесетмина осомничени во акцијата „Шпион“ добија мерка притвор во траење од 30 дена, а на еден од приведените, истражниот судија, му одреди домашен притвор поради неговата здравствена состојба. На тројцата осомничени кои не и се достапни на македонската полиција, им е одреден притвор во отсуство и по нив е распишана потерница. Седумнаесеттемината осомничени кривично ќе одговараат за злосторничко здружување, за шпионажа и за уцена. Судот донел одлука, истражниот процес да се одвива зад затворени врати поради доверливоста на дел од материјалите во предметот. Денешен „Дневник“ пишува дека учесниците во аферата Шпион соработувале со грчката и унгарската разузнавачка служба. Претпоставка е дека лица од унгарската служба купените информации за состојбите во македонската држава им ги препродавале на други заинтересирани служби.  
Слично

Поврзани вести