Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Притисоците нема да не спречат во намерата да штрајкуваме“

„Притисоците нема да не спречат во намерата да штрајкуваме“
Дел од наставниците и професорите од утре ќе започнат генерален штрајк за да го искажат револтот поради неисполнувањето на нивните барања за покачување на нивната плата и укинување на казните по основ на резултатите од екстерното тестирање на ученицитеи, и покрај заканите и притисоците со кои се соочија изминатиов период. Ова го истакна првиот човек на СОНК, Јаким Неделков кој тврди дека поголемиот дел од членството нема да подлегне не притисокот и ќе ја почитува одликата на синдикатот. „Од утре сите наставници ќе одат на своите работни места, но нема да ги одржуваат своите работни задачи. Очекуваме одлуката да ја испочитуваат поголемиот дел од нашите членови, а мал дел кои читаат соопштенија цела недела сигурно нема да излезат на штрајк“, смета Неделков. Ваквата одлука на сундикатот е всушност реактивирање на генералниот штрајк од септември минатата година кога штрајкувачите и ресорното министерство се договорија да формираат работни групи кои ќе работат во изнаоѓање решение за настанатите проблеми. Сепак како што велат од синдикатот до такви решенија не се дошло, а ниту пак имало поголеми ангажирања на работните групи. По четири месеци залудни преговори, од ресорното министерство немаа слух за зголемување на платите и укинување на екстерното тестирање во делот со казните, па тоа беше причина повторно да се активира генералениот штрајк.    
Слично

Поврзани вести