Економија, финансии, бизнис

Контакт

Притисокот врз Ципрас расте поради невработеноста

Притисокот врз Ципрас расте поради невработеноста

Невработеноста и финансиските проблеми на Грција, и блокираната економијата, може да го зголемат притисокот врз премиерот Алексис Ципрас во преговорите со кредиторите, пишува во својот коментар „Bloomberg“.

Податоците за невработеноста во Грција, кои официјално треба да излезат во среда, ќе покажат дека повеќе од една четвртина од Грците се без работа. Тие бројки ќе се појават само ден по новата оценка на ЕК за земјата, со што најверојатно ќе се намали и прогнозата за раст во 2015 година.

25% невработеност е дел од последиците од рецесијата и должничката криза. Обврските на Грција кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) достигнаа загрижувачки размери. Земјата треба да рефинансира 1,4 милијарди евра краткорочен долг со рок на достасување во петокот. Ова ќе го зголеми притисокот врз финансиите до крајни граници, бидејќи земјата се обидува да ги отплати платите и пензиите без никакви спасувачки исплати од август наваму.

„Со намалувањето на ликвидноста владата ќе ја одложи исплатата и со тоа ќе има влијание врз реалната економија“, изјавил економистот Рикардо Барбиери Хермит. Според него економијата ќе ги почувствува ефектите на оваа несигурност, па дури и ако на крајот се избегне најлошото.

Слично

Поврзани вести