Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРИТИСОК НА РУСИЈА: САД на листата за санкции става руски компании и поединци

ПРИТИСОК НА РУСИЈА: САД на листата за санкции става руски компании и поединци

На листата за санкции денеска САД стави 34 физички и правни лица, настојувајќи да изврши притисок на Русија  поради интервенцијата во Украина.

Ова го соопшти денеска Министерството за финансии на САД.

„Со денешниот чекор даваме поддршка на настојувањето на САД да се најде дипломатско решение за кризата во која Украина” – се наведува во соопштението.

На списокот на санкции, меѓу другите се најдоа и руски банки и бензиски пумпи.

Амбасадата на САД во Русија пак, соопшти дека Вашингтон не го проширил списокот на физички и правни лица, туку само „го прецизирал претходниот”.

Од таму велат дека ова не е повод за заострување на односите меѓу двете земји, туку само рутинска постапка.

Слично

Поврзани вести