ПРИСТИГНАЛЕ ПРВИТЕ ПОНУДИ: „Ако не ја изградиме брзата пруга ќе останеме излоирани“, порача Мицкоски
Премиерот Христија Мицкоски потврди дека има понуди за финансирање на изградбата на брзата пруга на Коридорот 10, за кои рокот за доставување завршува денес.
Да, има, рече Мицкоски, во гостување на ТВ Сител, порачувајќи дека пругата ни е потребна веднаш затоа што ќе останеме изолирани ако не ја изградиме и модернизираме.
Министерсвото за финансии има испратено барање за понуди до 24 банки за финансирање на изградба на брзата пруга на Коридорот 10.
Прашан дали ќе бидеме ослободени од царинските тарифи на САД рече дека преговорите се во тек и се водат во позитивна насока.
- Следната недела е крајниот рок кога македонската јавност ќе знае што е тоа што го добиваме од администрацијата на САД, рече Мицкоски.
Слично
