Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пристигнаа првите експерти од странство за македонските компании

Пристигнаа првите експерти од странство за македонските компании
Јохан Дитрих од Германија е меѓу првите експерти од странство што пристигнаа во земјава на барање на македонските бизнисмени, како дел од проектот на Владата за поддршка на бизнис секторот со експертска помош од странство. Дитрих е во земјава по 20 години, а ќе работи со македонската компанија Infinite Solutions. Тој и во Германија претходно работел со компании во ИТ секторот, некои и со по 2.000 вработени. „Јас лично имам 40-годишно искуство во светски реномирани компании низ Кина, Колумбија, Романија, а и во една германска компанија. Добро е да се спомене дека работиме хонорарно. Ние сме еден вид волонтери. Од SES не контактираат и ни нудат одредени задолженија. Мене ми беше огромно задоволство повторно да дојдам во Македонија по 20 години и се чувствувам навистина добредојден во земјата. SES се наоѓа во Бон и главно е финансирана од германската индустрија, а има околу 1.000 доброволци кои се подготвени да ги понудат своите услуги. Јас ги нудам моите искуства коишто сум ги стекнал за време на моето работење. Тука сум само 2,5 дена и веќе имаме напредок, а се радувам и на следниот период во кој ќе соработуваме“, вели Дитрих. „Баравме консултантска помош, ни требаше насока за интерно организирање. Владиниот оглас за нас беше идеален. Аплициравме, па експертот дојде во Македонија. Многу е важно што пред него откривме сé, за тој да може да ја знае суштината на работењето и функционирањето. Апелирам и до другите компании да се постават така. Презадоволни сме од искуството, а се надеваме дека соработката ќе продолжи и тој ќе не поврзе со неговите контакти за да го прошириме нивото на работа“, изјави извршниот директор на македонската компнија Слаѓан Милошевски. Првата група од 15 експерти од Германија и Холандија се очекува да пристигнат во Македонија заклучно со месец април 2014 година, а следните групи експерти се очекува да бидат од други земји, кои ќе доаѓаат на секои 45 до 60 дена. Македонските компании тука им го покриваат само престојот, а другите трошоци ги обезбедува Владата. Фото:МИА
Слично

Поврзани вести