Пристигнаа првите 20 подвижни куќички во Глина
Помош пристигнува од сите страни, а доставени се првите 20 подвижни куќички во Глина, пишуваат хрватските медиуми.
Досега се обезбедени повеќе од 80 подвижни куќички за семејствата погодени од земјотресот во округот Сисак-Мославина како дел од координирана акција на Министерството за туризам и спорт, Хрватскиот туристички одбор и Хрватското здружение за кампување, соопшти хрватското Министерство за туризам и спорт.
Подвижните куќички се донирани од многу компании, и се состојат од две соби за четири лица, имаат опремени кујни со маса, тоалет и туш. Во следните неколку дена треба да пристигнат вкупно над 84 подвижни куќички за сместување на повеќе од 500 луѓе.
Слично
