Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пристигна првата „кинеска“ локомотива во Македонија, Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ се пофали

Пристигна првата „кинеска“ локомотива во Македонија, Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ се пофали

Првата од четирите локомотиви кои ги изработува Кина за потребите на македонската железница пристигна во Македонија, а прв веста ја објави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

„Денес пристигна првата од вкупно 4 електро-локомотиви кои се дел од проектот за обнова на железничкиот возен парк кој го започна ВМРО-ДПМНЕ. 
Со набавката на овие локомотиви се завршува проектот со кој се набавија и 6 патнички возови, 150 товарни вагони и се изврши целосно реновирање на депото за одржување во МЖ ТРАНСПОРТ АД. Со проекти и дела се сака Република Македонија !!!“, објави Мисајловски на Фејсбук.

Договорот за изработка и кредитирање на четирите локомотиви со кинескиот прпоизводител го потпиша техничката влада на Македонија во 2016. Тие се направени уште лани, но им требаше подолго време за техничкиот преглед и стандардизацијата пред да започне нивното транспортирање.


Слично

Поврзани вести