Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пристигна првата група Авганистанци во Приштина, се упатија кон Бондстил

Пристигна првата група Авганистанци во Приштина, се упатија кон Бондстил

Првата група авганистански бегалци пристигна во Косово во неделата доцна вечер, каде властите се согласија да им понудат привремен азил додека предвидено е тие трајно да се преселат понатаму во САД.

Во авионот имало 111 лица, претежно жени и деца, кои излегле од авионот со мали торби и ќеси во рацете.

Откако ги провериле нивните температури, тие биле префрлени во камп во кој претходно биле сместени градежни работници во близина на базата Бондстил на 40 километри од Приштина.

Се очекува да пристигнат повеќе авиони во наредните денови, изјави висок владин извор за Ројтерс.

Косово се согласи да прими околу 2.000 авганистански бегалци. „Горди сме што стоиме покрај нашите сојузници“, рече косовската претседателка Вјоса Османи пред новинарите.



Слично

Поврзани вести