Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРИСЛУШУВАЊЕ: Дали е пробиен безбедносниот систем? 

ПРИСЛУШУВАЊЕ: Дали е пробиен безбедносниот систем? 
Два дена откако СДСМ објави материјали за кои тврди дека се прислушкувани разговори, со бурни реакции се јавија и оние кои биле слушани, но и оние кои се дел од владеачката гарнитура. Политичарот Руфи Османи бара да се објават маетријали за криминали, ликвидации и контроверзни случаи со што, според него би се ставило крај на сегашната состојба. Владиката Тимотеј прашува зошто е прислушувана црквата, која не е непријател на државата. Според Демократскиот соуз, коалициски партнер на владеачката Вмро-Дпмне, со објaвените материјали, разорен е целокупниот систем на безебдност. Владика Тимотеј: Каде е демократијата и зашитата на човековите права? Владиката Тимотеј за “Фактор“ вели дека непријатно е изненаден од изјавата на лидерот на СДСМ дека меѓу прислушкуваните е и МПЦ ОА. “Доколку е точно тоа што се кажа дека меѓу прислушуваните се и членови на МПЦ ОА, тогаш каде е демократијата за која се залагаме, заштитата на човековите права, и пред се прашањето зошто била слушана МПЦ која не е непријател на државата. Ако некој го интересира што зборувам на телефон, слободно може да слуша, но повторно велам дека тоа не демократски и не е чесно. Морам да кажам дека сум непријано изненаден од најавите дека е прислушувана МПЦ“, вели за “Фактор“ владиката Тимотеј. Демократски Сојуз на Македонија: Разорен е целокупниот систем на Македонија! Демократскиот сојуз, односно партијата на Павле Трајанов, која е дел од владеачката гарнитура, бара независна, експертска, транспарентна и јавна истрага во однос на презентираните материјали од прислучкувањето, што ги објави лидерот на СДСМ Зоран Заев. “Демократскиот сојуз, бара Јавниот обвинител да формира посебен тим (согласно ЗКП), кој ќе работи на проверка и документирање на информациите за прислушкување, како и одговорноста на сите инволвирани во овој мега скандал, без разлика на тоа за кого сè се работи, неговата позиција, социјален статус, партиска припадност и сл.“, с епосочува во писмената реакција на партијата. Од таму ги повикуваат опозициските партии да се вклучат во работата на Парламентот за да може, како што велат, да се обезбеди уставната и законската определба за цивилна-парламентарна контрола над службите за безбедност. “Преку активирање на Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање и Комисијата за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана, може да се обезбедат релевантни информации и факти. Врз основа на извештаите на овие комисии  да се отвори  расправа и во Собранието на Република Македонија.“, велат од партијата и додаваат: “Демократскиот сојуз смета дека освен што е нарушена приватноста на граѓаните, пробиен е и разорен целокупниот систем за безбедност, а во голема мера е загрозена  безбедноста и стабилноста на државата, поради што неопходно е да се утврди политичката, кривичната и друг вид на одговорност на носителите на овие активности. Демократскиот сојуз смета дека ваквите состојби во голема мера негативно ќе се одразат и на демократскиот развој, евро-интеграциските процеси, како и на економските состојби.“ ДУИ: Политичките фактори да бидат одговорни и свесни ! Откако на прес конференција вчера Опозицијата објави телефонски разговри во кои како што тврди се прислушкувани 20 000 граѓани, со реакција излезе и ДУИ . Од оваа партија соопштуваат дека го осудуваат секое дејство кое спротивно со правната држава и основните човекови права. „ ДУИ будно ја следи целата ситуација во земјата.Сметаме дека сите отворени прашања треба да се решат на транспарентен и по институционален пат. Бараме од сите политичките фактори да бидат одговорни и совесни за, и така тензичната ситуација во земјата“ – се вели во нивната реакцја. Фондацијата „Метаморфозис“: Неовластеното прислушување е неуставно и кривично дело   Фондацијата „Метаморфозис“ искажува огромна загриженост поради јавно достапните наводи за масовно и неовластено следење на граѓаните, остварено преку злосторничко здружување со злоупотреба на службена положба во државни институции и/или влијателни корпорации. Од Фондацијата велат дека дека заштитата на приватноста, вклучувајќи ја и заштитата на личните податоци, но и многу поширок круг човекови права што се однесуваат на слободата и на достоинството, кои може да бидат загрозени со прислушување, е заштитена со Уставот на Република Македонија, според кој прислушувањето без судски налог е забрането: Член 17 Се гарантира слободата и тајноста на писмата и на сите други облици на општење. Само врз основа на одлука на суд може да се отстапи од начелото на неповредливост на тајноста на писмата, ако е тоа неопходно за водење на кривична постапка или тоа го бараат интересите на одбраната на Републиката. Член 18 Се гарантираат сигурноста и тајноста на личните податоци. На граѓаните им се гарантира заштита од повреда на личниот интегритет што произлегува од регистрирањето на информации за нив преку обработка на податоците.   „Правото на приватност е исклучително важно човеково право, a преку загрозувањето на приватноста, директно се загрозува и нашата слобода. Одлуките за прислушување и за следење од страна на државните органи мора да бидат донесени според важечките закони. Во никој случај тоа не смеат да бидат арбитрарни одлуки на поединци што имаат моќ да го сторат тоа. Наводите за масовното прислушување на повеќе од 20.000 граѓани се многу сериозни и јавноста мора да бара одговорност од надлежните институции“ – изјави Бардил Јашари, директор на Фондацијата „Метаморфозис“. Руфи Османи, НДП: Да се објават информациите за случаите Бродец и Смилковци! Со реакција на пресот на опозицијата во кој опозицискиот лидер Зоран Заев обелодени дека се прислушкувани 20 000 граѓани меѓу кои и поранешниот лидер на НДП Руфи Османи тајно од страна на вработени лица во МВР, денеска се огласи и оваа партија. „НДП во континуитет изјавува дека ова власт е една од најкриминалните власти што ги познава историјата на ова држава. Оваа констатација на НДП денеска се потврди уште еднаш со прес-конференцијата на лидерот на македонската опозиција. Фактот дека ова власт има прислушкувано на незаконски и криминален начин повеќе од 20.000 граѓани на ова држава говори за невидено лудило во светската историја. Имајќи предвид дека немаат сите граѓани мобилни телефони, и дека еден добар дел од граѓаните се малолетници, и дека над 500.000 граѓани се надвор од државата, тогаш на виделина излегува еден фрапантен процент од над 10% од целокупната популација на државата кои се прислушкувани, што подразбира лудило што само ова власт може да направи“ се вели во соопштението на оваа партија. Имено, тие нагласуваат дека пандорината кутија се отворила и дека враќање назад нема. „Дојдено е време да се исчисти целата историја на сите јавни личности за сите овие 24 години на плурализмот во државата. Само со објавувањето на целата вистина ќе може еднаш засекогаш да се исчисти минатото на секој што бил на власт со конкретна одговорност, и да се отвори процесот на зајакнување на демократијата, слободата и цивилното право и да се врати довербата во институциите на државата. Оваа апокалиптична ситуација уште еднаш го потврдува конзистентниот ставот на НДП од првите денови на објавување на овие бомби, дека мора да се формира едно специјално судско тело, како во Косово, кое ќе биде под силен перманентен надзор на судски компетентни претставници на ЕУ и САД, судство што ќе ги гони кривично, нарачателите и егзекуторите на овој информативен масакар кој е голем удар врз демократијата и слободите на човекови права“, потенцираа од НДП. Очекуваат од страна на македонската опозиција, кога веќе пандоровата кутија е отворена,  сите тие што ги имат прекршено законите и Уставот, да бидат објавени, исто како што велат, и големите скандали на институционалната корупција поврзани со тендери од стотина милиони евра, да ги објават јавно информациите за Бродец, Смилковци, ликвидацијата на Харун Алиу и многу други криминални дела, како и масовното крадење на изборите што коалицијата ВМРО-ДУИ ја има правено на многу изборни циклуси. Тие истакнуваат дека не се зачудени од фактот дека и поранешниот лидер на НДП, Руфи Османи е прислушуван од актуелната власт. Руфи Османи, како што се посочува во реакцијата, бил прислушкуван од 1981 до денеска, и неговото прислушкување и на неговата фамилија не прекинала дури ни во времето кога бил во затворот во Идризово, од 1997-1999. „Оној што ја објави информацијата има морална одговорност да ја информира пошироката јавност со чија наредба е прислушкуван Руфи Османи ,имајќи го во предвид фактот дека излегувањето на НДП на политичката сцена беше реална закана за ДУИ и за ДПА“се истакнува во соопштението.
Слично

Поврзани вести