Економија, финансии, бизнис

Контакт

Приштина ќе бара да влезе во ЕУ, а Милановиќ ќе се залага што повеќе земји да го признаат Косово

Приштина ќе бара да влезе во ЕУ, а Милановиќ ќе се залага што повеќе земји да го признаат Косово

Косово ќе бара да влезе во ЕУ. 

Премиерот Албин Курти денеска најави дека Косово следната година ќе поднесе барање за членство во Европската унија. За Министерството за надворешни работи, Курти изјави дека почнале со департизација и реформи, со што се отвора пат за дипломати од кариера, кои, според него, достоинствено го претставуваат Косово.

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави дека не ги разбира земјите членки на ЕУ кои не го признале Косово и дека тој лично ќе се заложи тоа да се поправи.

„Лично, Косово ми е драга земја. Косово има пријателска држава бидејќи има енергична демократија. Косово е земја која наскоро ќе може политички да се приклучи кон меѓународните организации. Изненадувачки е колку малку се знае за Косово дури и во ЕУ, изјави Милановиќ. 

Милановиќ во Приштина, по средбата со косовската претседателка Вјоса Османи, рече дека луѓето биле слабо информирани за Косово.

Слично

Поврзани вести