ПРИРОДНИ НАУКИ: поблиску или подалеку до учениците?!
Европа со забрзани чекори оди напред во освојување на современи методи во образовниот процес, а наставниот кадар ги надградува своите знаења и предавања со современи методи и истражувања. Македонските наставници ја делат истата судбина како сите наставници во Европа, добрите работи во образовниот процес треба да се споделат , а добрите практики од Европа да се прилагодат и применат на нашите услови.
Анализите на европските земји во делот на образованието покажуваат дека се намалува бројот на ученици кои ги одбираат природните науки како професионална ориентација.
Европската комисија за истражување, иновации и образование во 2010-тата го стартуваше проектот-платформа SCIENTIX наменет за наставниците, истражувачите, креаторите на образовните политики и сите заинтересирани за наука и образование. Информациите и услугите кои се нудат имаат неколку димензии, пристап на проекти, информации и корисни материјали во кои можат да се пронајдат сите, од наставниците до истражувачите на кои им се достапни материјали од стотина европски проекти.
Кај нас овој проект е достапен од оваа година. Него го претставуваат двајца заменици амбасадори за SCIENTIX во Македонија. Силвана Ристевска , наставник по биологија и природни науки од ОУ “Стив Наумов” –Битола е една од нив. Таа вели дека Европската заедницата за наука, математика, технологија и инженерство SCIENTIX ги отвара можностите за наставници од основните и средните училишта кои сакаат да се вклучат во проекти и on line надоградба. Според неа, можностите се огромни, особено со промоција на знаењата на европско ниво. На македонските наставници им се отвара можност за нови нови знаења кои можат практично да ги применат во наставата. Само треба истите да ги искористат.
За подржување на развојот на нови генерации ученици кои ќе се одлучат природните науки да бидат нивен професионален избор, неопходно е нивно оспособување за примарно користење на новите технологии и размена на знаења и вештини со европските врсници. Ристевска вели дека учениците преку користењето на можностите од Scientix, со помош на своите наставници ќе се охрабрат да истражуваат, да ја развиваат својата креативност и часовите по природни науки и математика да им станат интересни и лесни за учење. Преку учество во европски проекти, додава, на учениците им се овозможува учење низ соработка и интернет комуницирање, развивање дигитални вештини и техники кои ќе им бидат потребни за нивниот професионален развој согласно современите европски трендови.
“Училница на иднината” во Брисел!
Овој проект- чадор нуди огромни можности за наставниците од земјава кои сакаат да ги збогатат своите знаења. Заменик амбасадорката за Македонија, Силвана Ристевска вели дека она што се бара од наставниците на домашен терен се нови методи во наставата, интерактивност на часовите и комуникацијата со учениците. Но, тука дополнително има и административни обврски со кои треба секој наставник да научи да менаџира за да може успешно да го реализира часот. Затоа овие европски можности треба максимално да се искористат, бидејќи стекнатите знаења ќе се применат и во редовната настава.

“Scientix е проект инициран од Европската комисија за истражување и иновации и е под FP7 програмата за истражување и технолошки развој.Со Scientix менаџира EUN (European Schoolnet Academy;www.eun.org) формирана 1997 година со седиште во Брисел,Белгија и е мрежа од 30 Министерства за образование во Европа, што претставува една од клучните организации за иновации во наставата и учењето кои ја подржуваат европската соработка помеѓу училиштата и наставниците.Проектот е составен од две фази. Во првата фаза (2009-2012) проектот изгради онлајн портал (www.scientix.eu) за да се соберат и презентираат STEM (Science, Technology, Engineering and Mathematics) европските едукативни проекти со цел да се доближат природните науки до европските ученици.Целта на втората фаза, која е започната од 2013 година е овој проект да стане достапен препознатлив на национално ниво, особено за наставниците во основно и средно образование. Наставниците во Македонија имаат можност да станат дел од овој европски проект до крајот на 2015 година. Треба само да ја искористат” -вели Силвана Ристевска, зам. амбасадор на SCIENTIX за Македонија.Учењето во 21 век е многу променето, земајќи ја предвид современата образовна технологија која прави пресврт во начините на пристапување на наставните содржини кои се повеќе се бараат од наставниците. Според Ристевска, компетенциите на наставниците се многу важни, бидејќи употребата на современи образовни технологии подразбира интердисциплинарен пристап на наставните содржини како би се збогатиле педагошките и дидактичките активности во процесот на учење.
“Во овој проект можат да учествуваат наставници од основно и средно образование кои предаваат биологија, хемија, физика информатика, географија, математика, инженерство и технологија. Наставниците можат да се регистрираат на онлајн порталотсо свое корисничко име и лозинка. Потоа преку главните мениа имаат можност да пребаруваат низ порталот и да искористат најразлични едукативни материјали.Ова е проект-платформа, во која се сублимирани голем број на европски проекти. Проектите се пребаруваат според земја носител, земји учеснички, теми на интерес и сл. Освен вклучување во европски проекти овозможува нашите наставници подеднакво како и европските, да се стекнат со (само)едукација преку учество во курсеви за професионален развој, учество во онлајн обуки, вебинари, конференции, работилници и натпревари”-додава Ристевска.
За подржување на развојот на нови генерации ученици кои ќе се одлучат природните науки да бидат нивен професионален избор, неопходно е нивно оспособување за примарно користење на новите технологии и размена на знаења и вештини со европските врсници. Ристевска вели дека учениците преку користењето на можностите од Scientix, со помош на своите наставници ќе се охрабрат да истражуваат, да ја развиваат својата креативност и часовите по природни науки и математика да им станат интересни и лесни за учење. Преку учество во европски проекти, додава, на учениците им се овозможува учење низ соработка и интернет комуницирање, развивање дигитални вештини и техники кои ќе им бидат потребни за нивниот професионален развој согласно современите европски трендови.
“Училница на иднината” во Брисел!
Овој проект- чадор нуди огромни можности за наставниците од земјава кои сакаат да ги збогатат своите знаења. Заменик амбасадорката за Македонија, Силвана Ристевска вели дека она што се бара од наставниците на домашен терен се нови методи во наставата, интерактивност на часовите и комуникацијата со учениците. Но, тука дополнително има и административни обврски со кои треба секој наставник да научи да менаџира за да може успешно да го реализира часот. Затоа овие европски можности треба максимално да се искористат, бидејќи стекнатите знаења ќе се применат и во редовната настава.
“Оние кои ќе вложат најмногу и ќе бидат најуспешни добиваат награда да присуствуваат во училница на иднината во Брисел. Оваа училница налик на дневна соба, а не на класична училница нуди едноставен пристап до секоја информација, преку смарт табли, посебен распоред на работните маси и столчињата, таблети и мобилни телефони кои за неколку секунди ќе ви да дадат информација, но не само за полесно да ги добиете истите туку брзо и лесно да ги примените во проектот кој го подготвувате” –додава Ристевска.Едукацијата, вели Ристевска, не сопира со еден проект, бидејќи природните науки се бунар од нови неистражени информации. Следен чекор е Меѓународната конференција во Брисел од 24 до 26 октомври која на едно место ќе ги собере наставниците од цела Европа, а на која ќе учествуваат околу десетина македонски наставници. На нив останува со какви искуства ќе се вратат и како ќе ги применат истите во редовната настава. С.Б.
Слично