Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРИРОДЕН ГАС ОД МАКПЕТРОЛ ЗА ТОПЛАНИТЕ ИСТОК И ЗАПАД: ЕСМ ќе набави за првата половина во ноември

ПРИРОДЕН ГАС ОД МАКПЕТРОЛ ЗА ТОПЛАНИТЕ ИСТОК И ЗАПАД: ЕСМ ќе набави за првата половина во ноември

АД ЕСМ ќе набави природен гас од Макпетрол за топланите Исток и Запад за периодот 01-15 ноември и за КОГЕЛ во подружница Енергетика за периодот 01-30 ноември.  Со оглед на тоа што приватната гасна електрана ТЕ ТО има обезбедено гас за својот режим на работа за месец ноември, за истата не е извршена набавка од АД ЕСМ, информираат од компанијата.

-Фирмата PGO извести дека не е во можност да почне да испорачува од 1 ноември, туку од 15 ноември, што дополнително ќе подлежи на нова понуда. Со овој понудувач ќе биде потребно да се комплетира и комуникацијата во однос на останатите документи кои се побаруваат пред склучување на договор. За понатамошниот период ќе се побараат нови понуди од заинтересираните фирми за снабдување, и тоа за топланите Исток и Запад, за КОГЕЛ во Енергетика и за евентуално ангажирање на приватната гасна електрана ТЕ ТО од страна на АД ЕСМ. Набавката на природен гас за пократок временски период е направена од причина што се бележи пад на цените на природниот гас на берзите и очекувањата се дека ќе се обезбедат поповолни услови, пред се финансиски, доколку се набавува сукцесивно за последователни покуси периоди, велат од ЕСМ.

Информираат и дека во следните денови, ЕСМ Дистрибуција на топлина ќе потпише и договор со ТЕ ТО за месец ноември за преземање на топлинската енергија од оваа електрана, која ќе треба да влезе во системот на топлинска енергија за градот Скопје.

-АД ЕСМ веќе ја информира јавноста дека алтернативно гориво за топланите е дизел горивото, за кое капацитетите технички и технолошки се подготвуваат да го користат и истото е полесно достапно за набавка. АД ЕСМ со своите друштва за топлинска непрекинато испорачува греење за градот Скопје и истото ќе продолжи и во следниот период, соопшти ЕСМ.


Слично

Поврзани вести