ПРИНУДЕНИ СЕ ДА СПИЈАТ ВО АВТОМОБИЛ: Семејство од Петриња кое остана без куќа доби новороденче
Првото бебе родено во 2021 година во хрватскиот град Сисак е од семејство од Петриња чија куќа е срушена и спијат во автомобил.
Бебето е машко и ќе се вика Давид. Тоа е второ дете во семејството.
„Во 15 секунди по полноќ се роди малиот Давид. Ова е баш симболично да се роди токму во Сисак. Мајката и бебето се добро, сите сме пресреќни. Бебето се роди во оној дел од гинекологијата што го преживеа земјотресот“, вели заменик директорот на болницата, Марин Репушиќ.
Како што пишува „Индекс“, куќата на смејството на новороденчето е срушена во земјотресот.
Разорниот земјотрес кој на 29 декември ги погоди Петриња, Сисак и околината бил околу 30 пати посилен отколку оној кој на 22 март го погоди Загреб. Но освен јачина, меѓу овие два земјотреси постои уште една клучна разлика, пишува „Јутарњи лист“.
