Примирјето на Блискиот исток ги скокна цените на акциите
Цените на акциите на светските берзи минатата недела достигнаа највиско ниво во историјата.
Скокот на индексите им се препишува на оптимизмот на вложувачите на стартот на новата година и попуштената напнатост на Блискиот исток.
На Волстрит Dow Jones минатата недела зајакнал 0,7 отсто, на 28.823поени, додека S&P 500 пораснал за 0,9 проценти, на 3265 поени, додека Nasdaq индексот 1,8 отсто на 9 178 поени.
По иранските ракетни напади на воените бази во Ирак во кои се стационирани американските војници, американскиот претседател Трамп најави економски санкции за Иран, но се воздржа од нови воени акции.
Слично
