Економија, финансии, бизнис

Контакт

Примиле повеќе туристи отколку што имаат население

Примиле повеќе туристи отколку што имаат население

Приходите од туризмот во Бугарија се зголемуваат за 15% до 5,5 милијарди лева. 

За прв пат бројот на туристите ќе го надмине населението на Бугарија. 

Приходите од туризмот во 2016 година се рекордно високи - над 5.5 милијарди лева до октомври, или со 14,7% повеќе од истиот период на 2015 година, соопшти министерот за туризам во оставка, Николина Ангелкова на отворањето на Конгресот на светските цивилизации и модерниот туризам, кој се одржува во Софија.

Таа ја повтори прогнозата дека вкупно за годината бројот на странските туристи ќе надмине 8 милиони  и за прв пат ќе биде повеќе од населението на земјата.

Додава дека имаат над 40.000 откриени артефакти  во земјата и со тоа се на врвот во Европа. 

Слично

Поврзани вести