Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРИМЕР: Дизелот се исфрла – државата субвенционира 10.000 евра за електромобил!

ПРИМЕР: Дизелот се исфрла – државата субвенционира 10.000 евра за електромобил!
Властите во Франција преземаат мерки за постепено намалување на количеството автомобили со дизел мотори, за да може да биде подобрена еколошката ситуација во земјата. Во моментов 80% од автомобилите на територијата на Франција се придвижуваат од дизел мотори, што според премиерот Мануел Валцер е сериозен проблем. Премиерот е категоричен дека властите предолго време се однесувале наклонето кон овие машини и е дојдено време постепено, писмено и прагматично тие да бидат отстранети. Премиерот додава дека во моментов Владата презема низа мерки со кои во 2015 година значително ќе се намалат даночните предности кои во моментов ги уживаат дизел автомобилите во споредба со оние со бензински мотори. На прво место властите ќе ги зголемат внатрешниот данок според кој од секој купен на бензинска пумпа литар дизел државата добива 2 евроценти. Владата смета дека на овој начин во касата само во 2015 година ќе влезат 807 милиони евра. Тоа ќе наложи зголемување на самото гориво кое соодветно ќе откаже дел од неговите корисници. Во моментов литар дизел во земјата чини 1,25 евра, додека литар бензин 95 - 1,41 евра. Освен тоа започнува развивање на систем за класификација на возилата со најголемо количество исфрлени CO2. Откако тој ќе биде воведен, локалните органи за самоуправа ќе имаат право да го одбијат пристапот на такви возила во големите градови на Франција. Исто така француските власти имаат намера да ги прошират програмата за поттикнување на откажување од старите дизел мотори во корист на повеќе еколошки агрегати. Претходно, министерот за енергетика Сеголен Роајал изјави дека сите возачи кои менуваат дизел автомобил за електромобил, ќе може да сметаат на помош од државата во износ до 10 000 евра. K.K.
Слично

Поврзани вести