Примателите на социјална помош ќе можат бесплатно да добијат елаборат за легализација
Агенцијата за катастар за недвижности денеска уште еднаш ги промовираше новите измени во Законот за катастар, кои ги најави Владата неделава - примателите на социјална и постојана парична помош и лицата со пониски семејни примања од 168 илјади денари годишно ќе можат бесплатно да ги легализираат дивоградбите.
Иако законските измени уште не се усвоени од Собранието, нив денеска ги промовираа министерот за труд и социјала Диме Спасов и директорот на Агенцијата за катастар и недвижности Славче Трпевски.
Согласно овие измени, лицата од социјално ранливите категории целосно ќе бидат ослободени од трошоците во постапката на легализација на дивоградбита, а геодетските елборати бесплатно ќе ги изработува Агенцијата.
„Главниот ефект од оваа нова мерка е пред се да бидат опфатени што повеќе лица, кои се наоѓаат во потешка материјална состојба. За таа цел се предвидува задолжително водење регистар од страна на општините за поднесени барања за легализација во електронска форма. На тој начин, Министерството ќе има можност да ги поттикне сите корисници приматели на социјална и постојана парична помош кои не поднеле барања за бесплатен елаборат за легализација до Агенцијата за катастар на недвижности, тоа да го направат што поскоро“, вели Спасов.
Оваа владина мерка се очекува дека ќе ја искористат 34.000 приматели на социјална помош и 5.000 приматели на парична помош, кои треба да поднесат барање заедно со потврда од центрите за социјална работа или од Управата за јавни приходи за своите ниски примања.
Слично
