Прилично нестабилно време се очекува денеска
Првиов августовски понеделник го започнавме со прилично топло и спарно утро. Веќе во 8 часот во дел од земјава температурата е над 25°С.
Облачноста низ земјава утринава ќе биде сосема мала.
Попладнево се очекува прилично нестабилно време. Локално се очекува интензивен дожд проследен со силен ветер и грмежи. Поинтензивни процеси се очекуваат во југозападниот регион, каде е можна и локална појава на врнежи од град. Местимични, интензивни врнежи се можни во поголем дел од западниот и северниот регион. Локална нестабилност се очекува и во југоисточниот регион, но со помал интензитет во споредба со останатите региони, пренесуваат од метеопро.
Температурата иако пониска од вчера, ќе ја чувствуваме како повисока заради зголемената влажност во атмосферата. Јужниот дел од повардарието очекува максимална околу 35°С. Во северниот крај максимлалната ќе достигне до 33°С, а во југозападниот околу 30°С.
Скопскиот регион очекува спарен ден со максимални 33°С. Попладне се очекува локален дожд, со релативно голема веројатност истиот локално да има краткотраен пороен карактер и да биде проледен со засилен ветер.
