Економија, финансии, бизнис

Контакт

Прилепската болница со реакција на тврдењата на СДСМ, велат греење има!

Прилепската болница со реакција на тврдењата на СДСМ, велат греење има!

СДСМ безуспешно се обидува да создаде комплетно погрешна слика за прилепската болница која воопшто не соодветствува со реалната и фактичката состојба, реагираат од прилепската болница „Борка Талески“ по обвинувањата на СДСМ дека во болницата нема ниту греење, ниту топла вода.

Според управата на болницата, во болницата само во изминатите три години е набавена биомедицинска опрема во вредност од 2-3 пати поголема од целата опрема која болницата ја имала во дотогашното постоење.

Новата медицинска опрема во вредност од околу 2 милиони евра вклучува софистицирани, современи апарати за компјутерска томографија, четиридимензионално ехо, бројни други ЕХО апарати, со кои значително се подигна квалитетот на дијагностицирање и лекување на пациентите. Во болницата работат 77 доктори-специјалисти, 11 доктори се во тек на специјализација, а 4 доктори наскоро ќе бидат упатени на специјализација. Исто така, во изминатите три години вработени се над 20 медицински сестри, како и лица од останат медицински персонал. Во болницата континуирано се работи на воведување нови методи, со цел унапредување на здравствената заштита на граѓаните од овој регион. Минатата година е отворен нов ендоскопски кабинет, завршена е едукацијата на доктор-интернист за работа во кабинетот, а воедно воведена е нова метода – гастроскопија. Со заложба на докторите-офталмолози од болницата, воведена е современа метода-фако еулзификација со ултразвук - се вели во реакцијата на болницата.

Оттаму тврдат дека во болницата не постои дел кој не е целосно реновиран или реконструиран во изминатите три години.

За реконструкција на целата болница инвестирани се 35 милиони денари, а притоа целосно е адаптиран тракт за потребите на ургентно одделение, инфективно одделение, извршена е замена на прозорци, реконструкција на санитарни јазли, изведен е нов објект за потстаница за медицински гасови. За квалитетот на работата во оваа установа, говори и фактот што според извештаите на Фондот за здравствено осигурување, Општата болница Прилеп е рангирана на второ место според коефициентот на сложеност на операции.

СДСМ може да продолжи со невистини и манипулации да се обидува да наштети на угледот на прилепската болница, но ние ќе продолжиме, како и досега, да вложуваме во што е можно поквалитетни здравствени услуги за жителите на овој регион - се вели во реакцијата.

(Фото: 10 без 10)

Слично

Поврзани вести