Прилепска пиварница инвестираше 7,5 милиони евра во нова производствена линија
Прилепската пиварница инвестираше 7,5 милиони евра во нова линија за полнење на пиво и газирани пијалоци во стаклена амбалажа. Како што соопштуваат од компанијата, набавени се 15 машини од најпознатата компанија од ваков тип Кронес од Германија. Според компанијата, ова е единствена од ваков тип опрема во Македонија и е во моментов е во фаза на монтажа.
„Оваа линија ни овозможува многу како пиварница. Станува збор за најголема инвестиција досега од постоењето на Прилепска пиварница направена во една година. Со новата линија се зголемуваат можностите на пиварницата, техничкиот капацитет скоро да се дуплира од веќе постоечкиот, а од друга страна се заштедува енергија и вода. Со оваа инвестиција пиварницата станува еколошки поефикасна, а ние како компанија и понатаму сме единствени по многу нешта во Македонија. Нашата стратегија за развој се покажа како доста успешна последниве неколку години. За кус временски период имаме неколку значајни инвестиции во пиварницата со што се искачуваме на самиот врв во однос на квалитетен производ“, изјави генералниот менаџер на Прилепска пиварница, Сашко Самарџиоски.
Со оваа инвестиција се приближува до сумата од околу 30-тина милиони евра инвестирани последниве десетина години во Прилепска пиварница во опрема за филтрација и стабилизација на пиво или позната како бескиселгурна филтрација, опрема за обработка на вода, за одлежување, матурација и стабилизација на пивото, инвестиции во нови производи и друго.
Слично
