Прилепчанка два месеци била киднапирана и малтретирана
Педесет и пет годишен Кичевчанец, киднапирал жена од прилепското село Јакреново и два месеци ја малтретирал и силувал.
Драмата започнала во август кога двата случајно се сретнале во кичевското село Колибари.
Таму осомничениот ја поканил, а таа прифатила кафе средба во неговата куќа во селото. Оттогаш, како што изјавила жената во полиција, тој ја држел против нејзина волја во куќата, ја малтретирал и сексуално ја злоупотребувал.
Жената успеала да избега од куќата и да пријави во полиција. Истрагата треба да покаже што се случувало 2 и пол месеци во куќата на Р,Л во Колибри.
Слично
