Економија, финансии, бизнис

Контакт

Прилеп на мета: Едните обвинуваат за поткуп, другите велат-паничите!

Прилеп на мета: Едните обвинуваат за поткуп, другите велат-паничите!
Изминативе денови дел од локалните функционери на ДПМНЕ, трчаат од врата до врата на секој прилепски дом и нудат пари и социјална помош, ветуваат плаќање на сметките за струја и за вода, се закануваат, уценуваат обвини денеска Илија Јовановски од „Сојузот за иднината“, кој е носител на советничката листа во Прилеп. „Апелираме до градоначалникот во заминување Марјан Ристески и до сите негови соработници, раководители во локалната самоуправа и во јавните претпријатија, чесно и достоинствено да ги одработат последните денови од нивното владеење. Ги предупредуваме дека уцените, притисоците и заканите упатени кон граѓаните претставуваат сериозни нарушувања на изборниот процес. Воедно, ги потсетуваме дека тоа се тешки кривични дела кои повлекуваат ригорозни казни“, истакнува Јовановски. Во својата реакција ВМРО ДПМНЕ велат дека ваквите изјави покажуваат дека расте паниката на СДСМ во Прилеп, а партијата нема проекти со кои би ја добила довербата од граѓаните на следните локални избори. „Локалните функционери на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, секојдневно одат од врата на врата во прилепските домови и ја презентираат својата програма и отчетот за досега сработеното во општината на граѓаните, се со цел секој граѓанин да биде запознаен со проектите кои се наменети за нивно добро“, стои во партиската реакција.
Слично

Поврзани вести