Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРИКАЗНА КОЈА ГО РАСПЛАКА РЕГИОНОТ: Дете откри зошто се вози во автобус

ПРИКАЗНА КОЈА ГО РАСПЛАКА РЕГИОНОТ: Дете откри зошто се вози во автобус

Приказна која ја раскажа возач на автобус од Сплит го расплака регионот. 

Жељко Петричевиќ раскажува дека во автобусот се качило дете кое му понудило кекс, и откако тој го земал, му раскажало дека дента му е 12 роденден, но нема да оди во кино со другарите затоа што доцни платата на мајка му. 

На прашањето каде е татко му, одговорило дека е починат и дека нема ниту брат или сестра. Детето кажало дека додека мајка му е на работа, седи сам дома, а потоа се вози во автобус за да се згрее. 

„За него никој не би рекол дека такви проблеми, секогаш е пристоен и уреден, а и не се жали, туку само сакаше со некого да поразговара“, вели возачот. 

На излегување возачот го прашал колку чини влезница за во кино, и откако детето ја кажало сумата,  му дал 60 куни за да може да отиде заедно со уште двајца пријатели во кино. 

Слично

Поврзани вести