Приказна: Како до работно место во Германија?
Додека стотици луѓе се натпреваруваат за едно работно место дома, квалификуваните работници од Јужна Европа се селат во Германија, за да ја пополнат празнината на пазарот. Одделувањето од омилените сепак или само борбата со навидум неразбирливи дијалекти можат да придонесат за тешкиот период, пишува во свој материјал за DPA Елке Рихтер.
Кога Антонио Лопез-Кањо Химено конечно успева и си наоѓа работа во јужна Германија, како шпански инженер се споредува со топка од нерви. "Сакав да си ја вршам работата добро, но не знаев дали разбрав се како што треба ", раскажува со смеа 35-годишниот маж, потсетувајќи се каква била вознемиреноста во почетокот.
Лопез-Кањо Химено работи од речиси три години во компанијата за производство на вентилатори и електричен погон Ziehl-Abegg во Баден-Виртемберг. Тој се вклопил брзо во својата нова улога и исто како типичен Германец дури го апсорбира доволно локалниот швабски дијалект што успева да разговара неограничено со своите колеги.
Поминува долг пат
Поминува долг пат, и во својата кариера, и на географски план. По подолгите и јалови барања работа во својата татковина, погодена од криза, како и многу други јужноевропјани, тој се осврнува на Германија, каде неговите вештини се бараат најмногу.
Најнапред посетува јазичен курс по германски, основно ниво во Шпанија, што му ги отвора вратите побргу отколку што очекува: Лопез-Кањо Химено за првпат воспоставува контакт со идниот работодавач за време на практичниот дел од обуката. Двете страни се разбираат - следува понуда за работа со преместување - но со познати неизбежни компликации.
"Сакам да живеам со семејството, но тие се во Шпанија" и тоа секогаш е главниот проблем во неговата положба. Неговата партнерка му се придружува година подоцна, но за неа е уште потешко, бидејќи таму не ја очекува работа. Иако е дипломирана детска учителка во Шпанија, таа сеуште чека да и ги признаат квалификациите во новата земја.
Курсевите се важни
Компаниите што најмуваат квалификувана работна сила од странство, знаат дека таквата тензија, поврзана со работата, може да го спречи работникот да се справи со задачите, како и да биде внимателен.
"Треба да правиме така, што тие ќе се задоволни цело време, а не само од девет до пет", вели Рајнер Грил, портпарол на Ziehl-Abegg, чии вработени бројат 3.000 лица.
Еден од чекорите е да обезбеди курсеви за новодојдените партнери, како и да им помогнеме да најдат работа. Повеќето странски работници доаѓаат од Шпанија, Португалија, Романија и Чешка и досега бројот на вработени постигнува успех.
"За нас се покажа исклучително добро", забележува портпаролот. "Потенцијалот [на квалификуваната работна сила] во овој регион е исцрпена, па мора да се погледне напред", додава тој.
Интеграцијата на новите колеги оди глатко, но не и без напор. Шефовите на одделенија за човечки ресурси треба да се флексибилни, деликатни и инвентивни во пронаоѓањето на решенија. Во соседна Баварија е создаден пилот проект, за да се зајакне целното бирање на јужноевропски професионалци и да се пополнат бројките со квалификувани работници.
Ангажирање на преведувачи, кои треба да прават интервјуа преку интернет, помош за дополнителните професионални квалификации и во пребарувањето на место за живеење - сето тоа е дел од пакетот понуден при пристигнувањето за нов живот во Германија.
Одвојување од семејството
Некои пречки сепак се покажаа премногу големи за да бидат успешни во шемата. Повеќето кандидати одговараат резервирано во последните фази од вработувањето поради колебливоста да ги напуштат своите семејства. А за некои задачата да изградат целосно нов живот во Германија е едноставно премногу застрашувачки.
Успешните случаи се премалку за да се оправда цената: под 40 лица можат да бидат именувани во компании во Баварија. "Се разбира тоа е капка во морето", вели Јенс Кристофер Улрих од Професионалната комора за Минхен и Горна Баварија. "Цената на крајот е премногу висока, иако искуството е многу позитивно", коментира тој.
По две и пол години овој пилот проект е прекинат на крајот на 2014 година, но како целина миграцијата од југ не покажува знаци на слабеење.
Најмногу прилив од Шпанија
Најновите податоци од октомври покажуваат дека 532 000 луѓе од Шпанија, Португалија, Грција и Италија работат во Германија - со 7% повеќе отколку во претходната година. Главниот прилив е од Шпанија со 33 200 новодојдените или зголемување за 12%.
"Овде доаѓаат квалификувани работници", вели портпаролот на Федералната служба за вработување. Според службата за вработување многумина сакаат да останат неколку години во Германија,, а што се однесува до Лопез-Кањо Химено, тој нема планови наскоро да се врати во Шпанија.
"Многу сум среќен тука", вели тој, но со неколку убедливи разбирања. Едната и целогодишна загриженост му е за старите родители. Така како што стојат работите, само тоа може да го врати него и неговата партнерка во Шпанија. "Не сакам да бидам толку далеку од нив", признава Химено.
Другата можност е прашањето на климатизацијата во однос на благата клима во неговата татковина. Во Баден-Виртемберг од жителите во блокови со станови се очекува да се редат во чистењето на уличките, без разлика дали врне или е сончево, или пак има снежна бура.
"Да се рине снег закажано е нешто што дефинитивно го немаме во Шпанија", вели со насмевка Лопез-Кањо Химено.
К.К.

Слично