Пријавување и плаќање на сезонски работници со дневни купони или ваучери
Нов модел за пријавување и плаќање на сезонските работници преку систем на дневни купони или ваучери, бараат од Организацијата на работодавачи на Македонија и Асоцијацијата на хотели, ресторани, кафетерии и автокампови ХОТАМ.
Велат дека со ваквите законски измени ќе се поедностави пријавувањето на сезонските работници, ќе се зголеми социјалната сигурност и ќе се намали плаќањето на високи казни за непријавени работници.
Од ХОТАМ објаснуваат дека новиот модел за ангажирање на сезонски работници позитивно ќе влијае на развојот на угостителството и туризмот, ќе овозможи побрз раст на бизнисот и домашната економија. .Хотелиерите прелагаат законски да се дорегулира сезонското ангажирање во туризмот, на студенти и лица до 25 години, за да се намали одливот на млад кадар во странство.
„Како проблем најдовме заеднички дека средното образование не дава доволно кадар за исполнување на нашите барања.Се побара увоз на работници за тој определен сезонски период кога ни се потребни вработени“- изјави Крсте Блажески, претседетлот на ХОТАМ.
Затоа се потребни измени во Законот за вработување на странци, а од организацијата на работодавачи предлагаат нова стратегија за високо и средно образование.
