Пријави и притвор „заработија“ дел од демонстрантите
Куќен притвор во траење од 8 дена добија 5 лица, неколкумина добија кривични пријави, а десетина лица ќе одговараат прекршочно, поради прекршоци направени за време на протестите во Скопје.
Судијата на претходна постапка им одреди 8- дневен куќен притвор и одземање на пасошите на двајцата членови на „Левица“, Здравко Савески и Владимир Куновски, откако добија кривична пријава за учество во толпа. Од „Левица“ сметаат дека со ова се стеснува обрачот околу демонстрантите.
Слично
