Пријавете се за стипендии за школување во НОВА
Меѓународното училиште НОВА и фондацијата „Борис Трајковски“ ќе доделат три целосни стипендии, и десет делумни стипендии.
Покојниот Претседател Борис Трајковски беше пријател на НОВА. Некои аспекти од неговото идејно наследство, кои значително се совпаѓаат со мисијата и философијата на работа на училиштето, се темелот врз којшто се заснова партнерството помеѓу НОВА и Фондацијата „Борис Трајковски“.
Преку програмата за стипендирање, и двете институции учествуваат во поддршка на особено надарени ученици и идни лидери на македонската заедница.
Меѓународното училиште НОВА и фондацијата „Борис Трајковски“ ќе доделат три целосни стипендии, а дополнително, на десет ученици од најдобрите 25, ќе им биде овозможено да конкурираат за финансиска помош која може да покрие до 50% од школарината. Пријавувањето за стипендиите е од 23 февруари до 12 март 2015.
Секој кандидат се пријавува со поднесена апликација која може да се добие во Меѓународното училиште НОВА или на веб-страницата на НОВА. Истата може да се поднесе електронски преку веб страната на НОВА или пак директно во училиштето.
Повеќе информации за критериумите и начинот на избор на стипендистите на следниот ЛИНК
Слично
