ПРИЈАВЕТЕ СЕ: Бараат работници, ве чека море и плажа…
Бугарија во туризмот ќе ангажира рбаотници од трети земји, најави министерот за туризам, Николина Ангелкова.
Според она што го соопшти, тие ќе добиваат работни визи на три месеци. Таа нагласи дека од почетокот на годината досега за 20% е зголемен бројот на странски туристи во однос на истиот период лани. Во летувалиштата во Бугарија за 8-часовен работен ден нискоквалификуваниот персонал добива минимум 500 лева плата.
Ангелкова кажа дека скапите, луксузни хотели се полни. Таа додаде дека 400 странски новинари ќе ја посетат Бугарија со цел да ја промовираат. Се пофали и дека за 9.2% имаат повеќе јапонски туристи во периодот јануари - мај.
Странци ќе се примаат и во летните и во зимските туристички центри, за да се пружи квалитетна услуга на гостите.
Бугарите заминуваат на работа во странство поради повисоки плати и затоа има одлив на кадар.
