Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пријава и одјава од здравствено осигурување само електронски

Пријава и одјава од здравствено осигурување само електронски
Од идниот месец сите фирми во Македонија ќе мора да ги користат електронските услуги  за пријава и одјава на здравствено осигурување. Околу 75.000 фирми досега требаше за пријави и одјави на здравствено осигурување за своите вработени и за членовите на нивните семејства да одат лично секој месец во подрачните служби на Фондот за здравствено осигурување. Сега за сите пријавувањето ќе се врши преку веб порталот на Фондот. Електронскиот начин на пријава и одјава за здравствено осигурување започна да се применува во декември. За користење на е-услугите, фирмите треба да овластат лице или сметководител кои ќе ги спроведуваат електронските пријави. Овластеното лице потребно е да има активна електронска здравствена картичка и да има креирано профил на веб порталот на ФЗОМ. „Со ова се заштедува време, пари, хартија, а станува непотребно одењето во подрачните служби на Фондот. Со оваа новина во ФЗОМ ќе се одбегнат 180.000 посети годишно од страна на овластени лица од фирмите во Македонија кои доаѓаа во подрачните служби на Фондот, а сега овие услуги ги добиваат електронски, преку компјутер во своја канцеларија“, изјави Маја Парнарџиева Змејкова, директор на Фондот.
Слично

Поврзани вести