Економија, финансии, бизнис

Контакт

Пријателските земји понудија помош за Македонија

Пријателските земји понудија помош за Македонија

На Македонија помош за справување со последиците од невремето досега и понудиле повеќе држави.

Помош понудиле Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Турција и Хрватска, информираа од Министерството за надворешни работи за МИА.

„Во моментов се работи на специфицирање на конкретните потреби на Република Македонија во справувањето со вонредно настанатата состојба, по што ќе биде и официјално побарана меѓународна помош “- велат од МНР.

Република Македонија, наведуваат  од МНР, викендов ја зафати најголемата елементарна непогода во последната деценија. Во поплавите во Скопје животот го загубија 21 лице и над 70 се повредени.

Владата на Република Македонија денеска прогласи и ден на жалост. Силите на Министерството за внатрешни работи и АРМ, заедно со Црвениот крст на Република Македонија и граѓани-волонтери работат на расчистување на теренот. Во тек се и бројни хуманитарни акции за погодените семејства.

Слично

Поврзани вести