Приходите од ноќевања во Бугарија со 3-годишен рекорд
Приходите на хотелиерите во Бугарија од ноќевања во јуни се рекордни за последните три години.
Во јуни приходите од ноќевања се 163,7 милиони лева или за 28,6% повеќе од истиот месец минатата година, објавија од НСИ. Во јуни 2015 година приходите на хотелиерите биле 127,3 милиони лева, а во јуни 2014 година - 144,7 милиони лева. Рекордните приходи се должат на странците. Приходите на хотелиерите од странци се зголемени со 35,4%, а од Македонци - само со 4,3%. Вкупниот број на ноќевањата во сите капацитети во јуни е 3,583 милиони, што претставува раст од 23,2%.
Од јануари до јуни има раст од 15%, а земјата е посетена од околу 3,1 милиони туристи, што е рекорд од 89-та година. Во Бугарија се враќаат туристите од Германија, Чешка и Полска. Најголемо е зголемувањето на туристите во јуни од Полска (177%), Чешка (92%), Австрија (76%), Германија (62%) и Унгарија (49%).
