Приходите на Шилегов мета на Власта, од СДСМ бараат јавно соочување пред граѓаните!
На прес конференција денеска од владеачката ВМРО-ДПМНЕ побараа портпаролот на СДСМ Петре Шилегов да каже дали е точно дека во неговиот стан на бул. „Кузман Јосифоски Питу“19/5-4 од 87 метри квадратни во Скопје има пријавено и функционираат 4 фирми.
„Петре Шилегов молчи за скандалот во кој е заглавен до гуша. Наместо да дава одговори на јавноста од каде му се 700 евра месечен приход за имот кој никаде не постои, тој и понатаму излегува во јавноста со манипулации, вели Александар Стојкоски, пратеник од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ“.
- Од овие 4 фирми, две се во сопственост на Петре Шилегов, адвокатско друштво Шилегов и партнери и Нов осигурителен брокер АД Скопје, но многу позначајно е што две од фирмите не се во негова сопственост, Блек Стоун Холдинг ДОЕЛ и Урбан Солутионс ДОЕЛ. Покрај тоа што Шилегов во Државната комисија за спречување корупција лажно пријавил приход од 700 евра, тој замислете дрско не пријавил ниту дека овие две фирми кои не се во негова сопственост функционираат во неговиот стан за што треба да му плаќаат закупнина. Овој приход Шилегов и вакви договори нема пријавено во Антикурупциска комисија, истакнува Стојкоски.
Тој посочи дека и покрај тоа што Шилегов во Државната Комисија за Спречување Корупција лажно пријавил приход од 700 евра, тој не пријавил ниту дека овие две фирми кои не се во негова сопственост и функционираат во неговиот стан за што треба да му плаќаат закупнина. Овој приход Шилегов и вакви договоро нема пријавено во Антикурупциска Комисија.
На неговите прозивки се огласија од опозицијата.
Имено преку писмена реакција од СДСМ велат дека „ВМРО-ДПМНЕ е толку уплашена од обелоденувањето на криминалите во врвот на нејзината власт што секој ден почна да излегува со конструкции и манипулации за портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов“.
„По скандалот “владини соработници во куќата на Миле Јанакиески“ во Прилеп, како на лента се редат скандалите со трошењето на милионите евра за проектот Скопје 2014. Нема дел од Скопје 2014 кој не отвара сомнеж за криминал, корупција и незаконски потрошени милиони евра народни пари“, потенцираат од опозицијата.
Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, јавно ги повика премиерот Никола Груевски, Зоран Ставревски, Миле Јанакиевски, поединечно или доколку сакаат сите заедно, или со било кој друг министер од ВМРО-ДПМНЕ, да одберат време, место и медиум и јавно да се соочат.
„Само на тој начин граѓаните ќе ја дознаат вистината за конструкциите и измислиците на ВМРО-ДПМНЕ, но и за криминалот во самиот врв на власта“, велат од СДСМ.
