Економија, финансии, бизнис

Контакт

Приходите на „Фершпед“ паднаа за 479 милиони денари во однос на лани!

Приходите на „Фершпед“ паднаа за 479 милиони денари во однос на лани!
И покрај губењето на пазарното учество компанијата го задржала балансот зашто успеала во иста мерка да ги намали и своите оперативни расходи. Добивката за првите девет месеци е само 1,4 отсто од приходите од продажба Шпедицијата „Фершпед“ изгубила 16 отсто од своето пазарно учество во првите девет месеци годинава во споредба со истиот период лани, што резултирало и врз добивката која е пониска за 42 отсто во споредба со јануари-септември лани, покажуваат официјалните податоци од неконсолидираниот биланс на успех на таа компанија објавен на Македонската берза за хартии од вредност. Споредбата на приходите и расходите за првите девет месеви покажува дека „Фершпед“ успеал да го балансира падот на приходи од продажба и губењето на пазарната позиција и истовремено и во потребната мерка да ги намали и оперативните расходи за неговото работење. Така во првите девет месеци годинава приходите од продажба се 2,54 милијарди денари и тие се пониски за 16 отсто односно за 479 милиони денари во споредба со приходите од продажба во првите девет месеци лани. Пад за 480 милиони денари односно 16 отсто, во споредба со лани, има и кај оперативните расходи и тие се на ниво од 2,5 милијарди денари. Оперативната добивка на компанијата во периодот јануари-септември изнесува 36,7 милиони денари и во однос на лани има пад од 9 милиони денари односно 18 отсто. Оперативната добивка на компанија е 1,4 отсто од нејзините приходи од продажба. Сепак благодарејќи на позитивната разлика меѓу финансиските приходи на „Фершпед“ и неговите финансиски расходи нето добивката за периодот јануари – септември е 60,2 милиони денари и е за 23,5 милиони денари повисока од оперативната добивка. Финансиските приходи во првите девет месеци се 48,1 милиони денари и се повисоки за 25,3 милиони денари од финансиските расходи кои изнесуваат 22,8 милиони денари. Сепак тенденцијата ниту кај финансиските приходи ниту кај финансиските расходи не е позитивна. Во споредба со лани финансиските приходи на „Фершпед“ се намалиле за 30 милиони денари односно за 38 отсто, а неговите финансиски расходи пораснале за 6,8 милиони односно за 16 отсто. Анализата на резултати на третиот квартал (јули-септември) со првото полугодие (јануари – јуни) остава простор за одмерен оптимизам. Особено заради тоа што приходите од продажба за еден квартал пораснале за 930 милиони денари (15,1 милиони евра) што е 15 отсто повеќе од просечниот раст на приходите за првите два квартали оваа година. Во истиот период (третиот квартал) расходите на компанијата пораснале за 860 милиони денари и тоа е малку повисоко ниво во однос на просечниот износ на квартални трошоци на компанија во првите две тромесечја годинава. Но тоа е логично е трошоците да бидат повисоки од просечните квартални коге се има во предвид дека следат висок раст на приходите од продажба. Од споредбата е забележливо и треба да се истакне иако е мала ставка и растот на финансиските расходи во третиот квартал. Имено тој трошок во последното тромесечје е речиси двојно повисок од трошокот за првите два квартали годинава и изнесува 10,9 милиони денари за периодот јули-септември наспроти трошокот од 11,9 милиони денари за првите шест месеци годинава. Добивката до крајот на септември во споредба со крајот на јуни е зголемена за 10,3 милиони денари. Р.Ф.
Слично

Поврзани вести