Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРИДОНЕСИ: Зошто нема одданочување на функционерите, судиите и спортистите?

ПРИДОНЕСИ: Зошто нема одданочување на функционерите, судиите и спортистите?
Изземањето на функционерите, судиите, спортистите и стечајните управници од обврската за хонораите да се плаќаат придонеси за пензиско и здравствено осигурување предизвика серија негативни реакции во јавноста, во ситуација кога сите други кои добиваат хонорари што ја надминуваат минималната плата ќе мора да плаќаат дополнително пензиско и здравствено осигурување. Имено, од први јануари догодина, обврзници за плаќање на социјални придонеси стануваат физичките лица, кои остваруваат приходи од извршување на физичка и/или интелектуална работа, врз основа на договор за дело и/или авторски договор или друг вид договор со кој е определен надоместок за извршената работа. Сепак, надлежните во обид да ја смират топката објаснуваат дека не станува збор за целосно изземање, туку се изоставени само одредени надоместоци. Па така, за примањата на професионалните спортисти, како што се надоместоци за премии и трансфери, нема да се плаќаат придонеси за пензиско и здравствено осигурување - бидејќи не станува збор за договори за интелектуална и/или физичка работа, објаснуваат од Министерството за труд и социјална политика. Дополнителни давачки нема да има ниту за  примања на избрани и именувани лица, бидејќи како што велат од Министерството за труд и социјална политика станува збор за именувани или избрани лица кои по основ на таа функција остваруваат надомест. При тоа како пример посочуваат дека постојат институции во кои тие лица не примаат плата туку надомест за вршење на функција. Од дополнително одданочување ќе бидат и договорите за јавна работа што ги склучуваат единиците на локалната самоуправа, бидејќи се однесуваат на корисници на социјална парична помош, велат од ресорното министерство. За надоместок за судии, поротници, вешти лица, и стечајни управници, исто така нема да има дополнително плаќање на пензиско и здравствено, бидејќи од Министерството за труд и социјлна политика велат дека тоа се надоместоци во рамките на вршење на професијата. Договорите за закуп исто така не се сметаат за договори за интелектуална и/или физичка работа, а ниту волонтерство, бидејќи согласно со законот за волонтерство е утврден надомест за волонтерка работа. Ослободени ќе бидат и надоместоците за врвни спортисти, како и договорите што ќе ги имаат пензионерите. Р.Ф.
Слично

Поврзани вести