Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПРИДОНЕСИ ЗА ХОНОРАРЦИ: Фондот ги објави деталите како ќе се плаќа!

ПРИДОНЕСИ ЗА ХОНОРАРЦИ: Фондот ги објави деталите како ќе се плаќа!
Фондот за пензиско и инвалидско осигурување ги објави деталите согласно кои ќе се врши приемот во задолжително социјално осигурување и плаќање на социјалните придонеси на лица кои склучиле Договор на дело и/или Авторски договор или друг Договор за извршување физичка и/или интелектуална работа. Од 01.01.2015 година, согласно измените на одредбите од Законот за придонеси за задолжително социјално осигурување, на приходот остварен од извршување физичка и/или интелектуална работа врз основа на договор за дело, авторски договор и друг договор кој во нето износ е повисок од износот на минималната плата утврдена со закон, се пресметуваат и плаќаат придонеси за пензиско и инвалидско осигурување и придонес за задолжително здравствено осигурување. Според објаснувањето на ПИОМ, со законот се опфатени: договор за дело, авторски договор, друг договор од извршување физичка и/или интелектуална работа со кои физичкото лице остварува приход кој во нето износ е повисок од износот на минималната плата утврдена со закон. Ослободени од плаќање се:
  • Примања на професионални спортисти (премии, трансфери),
  • Примања на функционери, пратеници, советници и други носители на јавни функции (избрани и именувани лица),
  • Надоместок по основ на стипендии,
  • Договори за  јавна работа кој ги склучуваат единиците на локалната самоуправа,
  • Договор за закуп,
  • Волонтерство согласно со закон,
  • Надоместок за судии, поротници, вешти лица, и стечајни управници,
  • Надоместок за врвни спортисти,
  • Договор за дело, авторски договор и друг договор од извршување физичка и/или интелектуална работа со кои физичко лице – корисник на пензија според прописите од пензиското и инвалидско осигурување не подлежат на плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување.
Деталите за тоа кои документи се потребни, што треба да содржат и на чиј товар ќе паднат придонесите - на следниот ЛИНК.
Слично

Поврзани вести