Економија, финансии, бизнис

Контакт

Придонеси: можни варијанти и случаи, кој е обврзан да плати, пресмета и да ги извести надлежните?

Придонеси: можни варијанти и случаи, кој е обврзан да плати, пресмета и да ги извести надлежните?
1             Можни варијатни и случаи
 Обврзник за плаќање, пресметување, уплатување и известување спрема УЈП
tabel 1.1        Можни опции и случаи во зависност од резидентноста на обврзникот и исплатителот Сите лица резиденти на Македонија, доколку остваруваат приходи од договорите во износ поголем од минималната месечна плата имаат обврска да платат задолжително социјални осигурување, независно од тоа дали приходите ги остваруваат од правни лица резиденти или  нерезиденти на Македонија, или од физички лица. За странски физички лица не резиденти кое имаат договор со домашен исплатител (правно или  физичко лице), за кој има обврска да плати придонеси согласно Законот, обврските зависат од неговиот легален статус во земјата:
  • Доколку лицето има работна дозвола и регулиран престој со лична карта за странец, а воедно е државјанин на држава со која Република Македонија НЕМА склучено Договор за социјално осигурување тогаш, доколку лицето има склучено еден договор над износот на месечна минимална плата или повеќе договори со правни лица или физички лица, чиј поединечен износ е под минималната плата, а збирниот износ ја надминува минималната плата, тогаш лицето е обврзник за плаќање на задолжителни социјални придонеси;
  • Лице кое остварува приходи по основ на наведените договори и е државјанин на држава со која Македонија ИМА Договор за социјално осигурување не подлежи на обврска за плаќање на придонеси. Во тој случај се применуваат правните прописи на странската држава, доколку е одобрен исклучок од правилото за плаќање на придонес.
Македонија има потпишано и ратификувано билатерални договори за социјално осигурување со следните земји:
  • Договор соРепублика Хрватска -  стапил во сила на 1 ноември 1997 година;
  • Конвенција со Австрија, стапува на сила 01.04.1998;
  • Договор со Република Турција -  стапил во сила на 1 јули 2000 година;
  • Договор со Република Словенија -  стапил во сила на 1 април 2001 година;
  • Договор со Швајцарската конфедерација - стапен во сила на 1 јануари 2001 година;
  • Договор со Сојузна Република Југославија , стапил во сила на 1 април 2002 година;
  • Договор со Република Бугарија, стапил во сила на 1 август 2003 година;
  • Договор со Владата на Сојузна Република Германија , стапил во сила на 1.12005 година;
  • Договор со Босна и Херцеговина, стапил во сила на 1 април 2006 година;
  • Договор со Чешка Република , стапил во сила на 1 јануари 2007 година;
  • Договор со Владата на Кралството Холандија , стапил во сила на 1 април 2007 година;
  • Договор со Романија , стапил во сила на 1 март 2008 година;
  • Договор со Република Полска , стапил во сила на 1 јули 2007 година;
  • Договор со Големото Војводство Луксембург ,стапил во сила на 1 април 2009 година;
  • Договор со Белгиската Влада, стапил во сила на 1 јуни 2009година;
  • Договор со Црна Гора , стапил во сила на 1 август 2011 година
  • Договор со Аустралија, стапил на сила 1 Април 2011 година;
Следните договори за социјално осигурување се потпишани и ратификувана од Владата на Македонија и се во очекување на ратификација од страна на странските парламенти: - Договор со Кралството Данска - Договор со Австралија Следните билатерални договори се ратификувани, и се очекува нивно потпишување: - Договор со Република Унгарија - Договор со Италија. 1.2        Даночна основа, и стапки на придонеси За сите договори стапките за социјални придонеси се исти:
  • Придонес за задолжително пензиско иинвалидско изнесува 18,0% и
  • Придонес за задолжително здравственоосигурување изнесува 7,3%.
tabel1 Согласно Законот за персоналниот данок на доход, при утврдувањето на нето приходот од авторски права и права од индустриска сопственост се признаваат следниве нормирани трошоци:
  1. 60% од бруто приходот
    1. за вајарски дела, таписерии, керамопластика, уметничка керамика и витраж;
  2. 50% од бруто приходот:
  • за уметничка фотографија, ѕидно сликарство и сликарство во простор во техниките: фреска, графика, мозаик, интарзија, емајл, интарзирани и емајлирани предмети, костимографија, модно креаторство и уметничка обработка на текстил (ткаен текстил, печатен текстил и слично) и
  • за сликарски дела, графички дела, индустриско обликување со изработување на модели и макети, ситна пластика, уметнички решенија за сценографија, научни, стручни и публицистички дела, преведување на дела од книжевноста, музички и кинематографски дела и реставраторски и конзерваторски дела во областа на културата и уметноста;
  • 30% од бруто приходот за:
  • изведување уметнички дела во областа на сериозната музика, балетот, операта и театарско и филмско актерство, за рецитирање, снимање филмови и идејни скици за таписерија и костимографија;
  • за преводи (освен преводи на книжевни дела), предавања и слични интелектуални творби;
  1. 25% од бруто приходот
  • за изведување на естрадни програми на забавна и народна музика и
  • за други авторски дела и дела од индустриска сопственост, кои не се опфатени во претходните точки.
Напомена:На обврзникот, по негово барање, наместо нормираните трошоци, му се признаваат стварните трошоци ако може документирано да ги докаже  1.1        Споредба со пресметка на плата tabel3  
Нето плата/нето надомест Бруто плата бруто надомест бруто надомест
минус минус минус
Придонеси Придонеси Придонеси
минус минус минус
Персонален данок Персонален данок Персонален данок
Кај пресметка на плата:
  • Придонеси од плата дополнително се пресметуваат придонес во случај на невработеност 1,2% и дополнителн придонес за професионално здравствено осигурување од 0,5%.
  • Даночната основа за пресметка на персонален данок е намена за износот на личното ослободување, кој го пропишува Министерот за финансии на почетокот на секоја година (118еур).
Кај авторските договори при утврдувањето на нето приходот се признаваат:
  • нормирани трошоци во висина од 25-60% во зависност од приходот
Фактор и Нова Консалтинг, пријатели на Вашиот бизнис
Слично

Поврзани вести