ПРИДОНЕСИ: Како треба да изгледа и како ќе се пополнува месечниот извештај?
Објавен е правилник за формата и содржината на месечниот извештај за износот на бруто надоместокот утврден во договорот за дело, авторскиoт договор или друг договор, исплатениот нето надоместок и пресметаните придонеси.
Месечниот извештај за износот на бруто надоместокот утврден во договорот за дело, авторскиот договор или друг договор, исплатениот нето надоместок и пресметаниот придонес за задолжително пензиско и инвалидско осигурување и пресметаниот придонес за задолжително здравствено осигурување ќе се поднесува во електронска форма на образец „МИ-Д/ИН”,
Формата и содржината се дадени во Прилогот кој е составен дел на Правилникот.
КОЈ ИМА ОБВРСКА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ОБРАЗЕЦОТ?
Согласно образецот Правните лица – исплатувачи на надоместок по основ на договор за дело и/или авторски договро со кој е определен надоместок за извршена работа КОЈ ВО НЕТО ИЗНОС Е ПОВИСОК ОД ИЗНОСОТ НА МИНИМАЛНА ПЛАТА УТВРДЕНА СО ЗАКОН, должни се до УЈП да доставуваат Месечен извештај (МИ-Д/ИН).
Месечен извештај (МИ-Д/ИН) се изготвува за:
- Лицата за кои правното лице (исплатувач на надоместокот) е обврзник за пресметка и уплата на придонесите од задолжително социјално осигурување (доколку физичкото лице корисник на приходот има само еден договор во месецот); и
- Лицата кои се обврзници за уплата на придонесите од задолжително социјално осигурување сами за себе (доколку физичкото лице корисник на приходот има повеќе од еден договор во месецот).
- ПОДАТОЦИ ЗА БРУТО НАДОМЕСТОКОТ УТВРДЕН ВО ДОГОВОРОТ (ПОДАТОЦИ ЗА СКЛУЧЕНИТЕ ДОГОВОРИ ВО МЕСЕЦОТ ЗА СЕКОЕ ФИЗИЧКО ЛИЦЕ ПОЕДИНЕЧНО):
- Матичен број на обврзникот,
- Име и презиме,
- Бруто надоместокот утврден во договорот за дело, авторскиот договор или друг договор,
- Реден број на договорот,
- Времетраење на договорот (од – до), и
- Нормирани трошоци (%) доколку се работи за авторски договор.
- ПОДАТОЦИ ЗА ПРЕСМЕТАНИ ПРИДОНЕСИ И ЗА ИСПЛАТЕНИОТ НЕТО НАДОМЕСТОК
- Сумарни податоци по видови на договори (договори за дело, авторски и други договори)
- Вид на договор,
- Број на обврзници (број на лица за кои се поднесува извештајот),
- Вкупен износ на пресметан ППИО,
- Вкупен износ на пресметан ПЗО,
- Вкупен износ на ИСПЛАТЕН НЕТО надоместок.
- Податоци по лице:
- Матичен број на обврзникот,
- Име и презиме,
- Износ на пресметан ППИО (доколку се работи за лице кое само за себе е обврзник за уплата на придонеси, НЕ се пополнува податокот во оваа колона)
- Износ на пресметан ПЗО (доколку се работи за лице кое само за себе е обврзник за уплата на придонеси, НЕ се пополнува податокот во оваа колона)
- Износ на ИСПЛАТЕН НЕТО надоместок (доколку во месецот за кој се поднесува извештајот правното лице нема исплатено надоместок, оваа колона НЕ се пополнува)
- Статус
Слично
