ПРИЧИНИТЕ ЗОШТО ЕРДОГАН ГИ БЛОКИРА ШВЕДСКА И ФИНСКА ВО НАТО: Експертите со повеќе детали
Јасните пораки од
турските власти дека имаат проблем да им дозволат на Финска и Шведска да влезат
во НАТО, создадоа загриженост и благ шок во Хелсинки и Стокхолм. Двете земји
официјално поднесоа барање за членство во Алијансата, а за да станат дел од
НАТО потребно е сите 30 земји-членки да се договорат за нивниот прием.
Сепак, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган јасно стави до знаење дека нема да каже „да“. Дури, тој ги нарече Финска и Шведска „гнездо на тероризмот“.
Во исто време, турскиот министер за надворешни работи Мевлут Вуавушоглу рече дека двете земји мора да понудат безбедносни гаранции и да ја укинат забраната за извоз на некои стоки од одбранбениот сектор во Турција.
- Нашиот став е јасен. Ова не е закана, ова не се преговори каде се обидуваме да добиеме предност – рече Чавушоглу.
Се огласи и лидерот на Турската националистичка партија. Тој рече дека проширувањето на НАТО ќе ја испровоцира Русија и ќе доведе до проширување на војната во Украина и побара од турските власти „да ги задржат Шведска и Финска во чекалната на НАТО“.
Прашањето е што се крие зад турските закани и кои би можеле да бидат следните чекори на Ердоган?
Д-р Пол Левин, основач на Институтот за турски студии на Универзитетот во Стокхолм, изјави за Еуроњуз дека смета дека главната грижа на Турција е присуството на активисти на Курдистанската работничка партија (ПКК) во Шведска.
- Она што Турција го доживува како закана од ПКК е клучна грижа за националната безбедност во Турција. Шведска не ја дели истата перспектива за таа закана. „Знаете дека е некако природно, кога Шведска сега сака да влезе во НАТО, Турција да го изрази својот став и да бара Шведска на некој начин да го земе тоа предвид“, рече Левин.
Иако навистина има голема курдска дијаспора во Шведска и другите нордиски земји, ПКК таму е класифицирана како терористичка организација и не и е дозволено слободно да дејствува. Затоа е нејасно како всушност би се случило инсистирањето на Ердоган да ги задушува „курдските милитанти“ во Шведска.
ФОТО: EPA/STEPHANIE LECOCQ