Причината за падот на авионот на Трајковски е утврдена, но јавноста уште нема да ја дознае
Причините за падот на авионот во кој загинаа поранешниот македонски претседател Борис Трајковски и неговата придружба се целосно утврдени, објави шефот на тимот кој ја спроведуваше обновената истрага Омер Кулиќ. Тој сепак вели дека не може повеќе детали за падот на кингерот да изнесе во јавноста.
Извештајот за авионската несреќа до крајот на септември тој ќе им го предаде на Обвинителството на БиХ и на локалните власти, како и македонскиот обвинител и македонските власти.
„Точно утврдивме што се случило. Во истрагата беа опфатени сите актери од тој настан, не смеам да кажам кој е одговорен, наша задача е да испитаме како дошло до падот на авионот, тоа ќе му го кажеме на нашиот и на македонскиот обвинител, а нивна одлука е што натаму ќе прават со извештајот, бидејќи тоа се светските стандарди во вакви активности“, вели Кулиќ.
Првичната истрага за падот на авионот утврди дека причина за несреќата е „процедурална грешка на пилотската екипа во фаза на слетување на мостарскиот аеродром, која доведе до тоа авионот да удри во брдо“. По истрагата немаше обвиненија, бидејќи немало елементарни докази за покренување на кривична одоговорност.
Повторената истрага беше отворена на барање на Македонија, откако македонското МВР прибра дополнителни докази.
Слично
